Во моменти кога Република Македонија се соочува со една од најголемите здравствени кризи кои воопшто ја зафатиле државата, наместо единство и поддршка, платениците на СДСМ пропагираат омраза.
На јавноста и е познато дека Бранко Тричковски е еден од луѓето кои долги години пишува за издигнување на функционерите на СДСМ и ширење омраза и пропагирање насилство врз ВМРО-ДПМНЕ и нејзините членови.
Овој пат сведоци сме на дека Тричковски на својот Фејсбук профил објавил статус во кој директно посакува зараза од Ковид-19 на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Ваквото однесување придонесува за разединување и нарушување на и онака разнишаната атмосфера поради појавата на пандемијата предизвикана од коронавирусот. Во целиот скандал е инволвиран и близок роднина на Кацарска кој го поддржува Тричковски во ширењето омраза.
Надлежните институции долго време зборуваат за спречување на говорот на омраза. На Република Македонија и е потребно единство и сплотеност во овие тешки моменти на здравствена и економска криза, а не дневно политички препукувања и ширење на омраза по социјалните мрежи.