четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

УХМР ИЗДАДЕ АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Освен многу топлото време ни доаѓа и невремето, овие периоди од денот не излегувајте од дома

УХМР ИЗДАДЕ АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Освен многу топлото време ни доаѓа и невремето, овие периоди од денот не излегувајте од дома

Времето утро ќе биде сончево и многу топло, попладне со умерена облачност. Кон крајот на денот наместа ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Времето во сабота ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Понекаде процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град.

Времето во недела ќе биде претпладне ќе биде променливо облачно. А од пладневните часови ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град.

Во понеделник времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер.

УХМР за денес и утре објави и актуелно предупредување дека во целата земја денес и утре во поголемиот дел ќе се задржи многу топло.

Утре кон крајот на денот наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во деновите на викендот ќе биде нестабилно на повеќе места, кога во попладневниот дел од денот ќе има и поинтензивни процеси понекаде во форма на невреме со појава на град и засилен ветер.

Најнови вести