Попладнево во западните делови ќе има врнежи од дожд, кои до крајот на денот и во текот на ноќта ќе се прошират насекаде и ќе се интензивираат (на места над 15 л/м2), информираат од УХМР.
На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.
Утре ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, кои на истокот на места краткотрајно ќе бидат поројни и проследени со грмежи.
-Под влијание на нов влажен бран во сабота преку целиот ден ќе има пообилни врнежи и на повеќе места ќе наврнат над 25 л/м2 воден талог. Во западните делови на планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира позначителна снежна покривка, соопштуваат од УХМР