среда, 13. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

УХМР СО ПРЕДУПЕРЕДУВАЊЕ: Следува намалување на темпертурата, и повремени врнежи од дожд и снег

УХМР СО ПРЕДУПЕРЕДУВАЊЕ: Следува намалување на темпертурата, и повремени врнежи од дожд и снег

Времето утре ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните делови. Ќе дува умерен, на повеќе места засилен ветер од северен правец.

Утринските температури ќе се движат од 0 до 8 степени, а дневните од 2 до 13 степени Целзиусови.

Времето во следните денови ќе биде под влијание на циклонска активност и на влажен и студен воздушен бран, утре ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови каде се очекува локално да наврнат околу 15 л/м2 воден талог. Ќе дува засилен северен ветер, кој на места ќе достигнува над 60км/ч, а температурата ќе се намали за 6 до 8 степени во споредба со денешната.

Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури.

Најнови вести