вторник, 30. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

УХМР СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО СИТЕ: Подгответе се тоа што ни доаѓа од денес, па се до наредните денови

УХМР СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО СИТЕ: Подгответе се тоа што ни доаѓа од денес, па се до наредните денови

Времето утре ќе биде променливо облачно и свежо со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен и северозападен правец.

Во четврток времето ќе биде претпладне променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во петок времето ќе биде наутро студено, а преку денот претежно сончево и потопло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во сабота времето ќе биде наутро студено, а преку денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе ддува слаб до умерен северен ветер.

УХМР за денеска издаде и актуелно предупредување:

Под влијание на продор на постудена воздушна маса до четврток ќе преовладува променливо облачно и значително посвежо време со умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец. Утре ќе има повремен локален дожд. Од четврток до сабота утринските температури ќе бидат многу ниски, кога на некои повисоки места ќе се спуштат и до 0 степени.

 

Најнови вести