Попладнево од УХМР во Скопје најавуваат нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме.
За утре на првиот ден од месец септември се најавува прeтпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.
Додека за време на викендот не очекува конечно стабилизација на времето.
Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат и актуелно предупредување за во следните денови:
До петок ќе се задржи нестабилно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Во петок температурата на воздухот ќе опадне од 5 до 7 степени.