Од вчерашните 17 брисеви земени од пациенти односно штитеници во хосписот „Сју Рајдер“ во Битола 11 се позитивни на Ковид 19, јавува битолската телевизија Тера повикувајќи се на изјава на директорката на Центарот за јавно здравје во Битола д-р Елизабета Крстева.
Со ова, денеска вкупната бројка на позитивни е 23 лица и сите се штитеници во хосписот. Денеска биле земени уште 13 брисеви од пациенти и седум од вработени кои имаат лесни симптоми и лесна клиничка слика.