Умерено облачно време со ветер од југоисточен правец ќе преовладува денеска во државата. Зголемена облчаност ќе има во утринските часови, а веќе попладне облачноста ќе се намалува.
Утринската температура ќе биде во интервал од четири до 12 степени, а дневната ќе се искачи до 23-тиот степен.
Во Скопје слично време со минимална температура до осум степени и дневна до 23 степени.
Синоптичарите за следните денови најавуваат претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура. Утринските температури и понатаму ќе се задржат за неколку степени над нулата.