четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Уште едно младо лице ја загуби битката со вирусот – повторно во Велес

Уште едно младо лице ја загуби битката со вирусот – повторно во Велес

36 годишен пациент од Велес починал како последица на ковид зараза. Според последните податоци од министерството за здравство во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица. Покрај младата жртва од велес, починати се три лица од Скопје (63г, 81г и 86г), 2 починати лица од Куманово (63г и 74г) и по едно починато лице од Прилеп (98г), Битола (61г), Кавадарци (73г), Охрид (69г), Кочани (69г), Пробиштип (63г) и Крива Паланка (73г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.382.675 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 202.203, бројот на оздравени пациенти е 188.332, на починати е 7.121, а бројот на активни случаи изнесува 6.750.

Најнови вести