понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

УСС на УКИМ: Комбиниран модел на предавања во зимскиот семестар од 2021/2022

УСС на УКИМ: Комбиниран модел на предавања во зимскиот семестар од 2021/2022

Универзитетското студентско собрание (УСС) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ објави дека за предавањата во зимскиот семестар од учебната 2021/2022 гоидна ќе се применува комбиниран модел на настава (онлајн и со физичко присуство).

Испитната сесија која е во тек исто така продолжува комбинирано, посочува УСС, односно според одлуката на професорот дали испитот ќе се спроведува онлајн или со физичко присуство, со почитување на мерките за заштита од КОВИД-19.

УСС на УКИМ на фејсбук-страницата информира дека е донесен заклучок да се овозможи отворање вакцинален пункт на на Универзитетот за да се олесни процесот на вакцинација на студентите и кадарот на Скопскиот универзитет.

– Од Владата ќе се бара изготвување протоколи за високо образование и допрецизирање на Одлуката за измени и дополнувања на Одлуката за превентивни препораки, привремени мерки, наредни мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување и заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД 19, соопшти УСС на УКИМ.

Најнови вести