Времето утре ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност.
Во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во сабота не очекува дожд, но и стабилизација на времето, додека во недела целосно стабилизирање и максимални 32 степени.
Во понеделник не очекуваат високи 34 степени и целосно стабилизирање на времето.
Од УХМР издадоа и актуелно предупредување за утре во попладневните и вечерните часови кога ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во сабота ќе дува засилен северен ветер, а претежно во планинските подрачја ќе има појава на краткотраен дожд.
Од недела следува период на претежно стабилно време со пораст на дневните температури.