Времето утре во Република Македонија ќе биде облачно и значително посвежо со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и обилни, локално проследени со грмежи.
Дневните температури ќе се намалат за околу 10 степени.На планините над околу 1200 мнв во западните и северните делови врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен северен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 3 до 10 степени, а дневните од 5 до 15 степени Целзиусови.
Од понеделник времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои ќе се спуштат и под нулата, а најстудено ќе биде во вторник наутро. Во понеделник ќе дува засилен северен ветер.