среда, 13. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Утре сончево и потопло време со мала до умерена облачност

Утре сончево и потопло време со мала до умерена облачност

Времето утре претпладне ќе биде умерено до значително облачно, на крајниот југоисток со слаб дожд.

Во текот не денот облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринските температури ќе се движат од 0 до 8 степени, а дневните од 7 до 18 степени Целзиусови.

Од утре попладне до сабота ќе преовладува сончево време со повисоки дневни температури. Од недела облачноста ќе се зголеми, а локални врнежи од дожд се очекуваат во понеделник попладне и во вторник, кога ќе има и заладување.

Најнови вести