петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Утре сончево и топло, од недела пресврт на времето

Утре сончево и топло, од недела пресврт на времето

Времето утре претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во планинските предели ќе има умерен развој на нестабилна облачност со услови за краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде од 6 до 12, а максималната од 24 до 29 степени.

Во Скопје сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата од 10 до 28 степени.

В недела ќе има зголемена облачност со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Од понеделник ќе преовладува променливо облачно и малку посвежо време со повремени врнежи од дожд, а од вторник и со локална појава на грмежи.

Најнови вести