вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Утре сончево со мала до умерена локална облачност: Какво време не очекува во следните денови?

Утре сончево со мала до умерена локална облачност: Какво време не очекува во следните денови?

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринските температури ќе се движат од -10 до нула степени, а дневните од 4 до 12 степени.

Во Скопје слично време со температура до 10 степени.

Од петок попладне и за време на викендот времето ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд и снег, а на планините и на повисоките места од снег. Повремено врнежите ќе имаат пообилен карактер.

Најнови вести