недела, 3. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Утрово најстудено Скопје, во Шапка снег со висина од 19 сантиметри

Утрово најстудено Скопје, во Шапка снег со висина од 19 сантиметри

Утрово најниска температура од -3 степени е измерена во Скопје-Петровец и  Берово, -2 во Тетово, Штип, Демир Капија, -1 во Струмица,  Куманово, Скопје, нула во Крива Паланка, Битола, Прилеп, Лазарополе и Скопје Зајчев рид, 2 во Пожране, Маврово, Претор, Тополчани, 3  во Гевгелија, Охрид и Крушево и 4 во Дојран.

Висината на снежната прекривка на Попова Шапка изнесува 19 сантиметри.

Од утре, како што информираат од УХМР, ќе дува засилен северозападен ветер што ќе услови значително опаѓање на дневната температура и расчистување на воздухот.

Времето ќе биде променливо облачно и студено со локални врнежи од снег. Наредните денови  времето ќе биде стабилно и суво  со ниски утрински и дневни  температури.

Најнови вести