„Давид версус Голијат“ – така изгледаше синоќешниот дуел меѓу лидерот на македонската опозиција, Христијан Мицкоски и претседателот на владата на Република Македонија, Зоран Заев. На високо академско ниво, младиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски покажа дека Република Македонија по повеќе од четири години наскоро ќе добие легитимна влада на чело со легитимен премиер.
Ова во изјава за Курир го вели универзитетскиот професор и член на Извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска.
-Христијан Мицковски синоќа ги урна стереотипите за стравот од отчетност и соочување со политичкиот противник и истовремено ја наметна високата политичка реторичка култура, која се потруди да ја прифати македонскиот премиер Заев и со тоа и двајцата учествуваа во пишувањето на новото подглавје на современата македонска политичка дебата. Од дебатата изостанаа во најголем дел рефлексиите од пред дваесетина години кога македонските политички лидери дебатираа со низок стил и малограѓански речник, вели Василевска.
Посочува дека во тричасовниот медиуми маратон јавноста се увери за реалнисте состојби кои ја тангираат севкупната општествено-политичка јавност.
-По 23 мај 2018 година, македонските граѓани конечно почувствуваа дека никулците на плурализмот, либералните начела и демократските вредности повторно никнуваат, со што неоспорно е дека наскоро истите ќе прераснат во ураган кој ќе го разурне сивилото и стравот кој завладеа во Република Македонија, вели Василевска за Курир.
Според неа, јавноста денеска е разбранувана, надежите се засилени и желбата за правда и мир стануваат повторна можност за враќање на достоинството на македонскиот народ.
-Сметам дека во иднина се неопходни ваквите дебати на високо политичко ниво, помеѓу македонските политички лидери, но во помал временски формат и тематски. Ова е нова политичка енергија која нема никави пречки да се зафати со круцијалните и со малигните општествено-политички симптоми и истата е сигнал за отрезнување и на полтронското корумпирано македонско судство, администрација и послушничко-комформистичките групации кои ја продадоа за евтина корист исконската македонска државотворна и слободоумна синергија, потенцира Василевска.