недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Василевска: Заедно се соочуваме со предизвикот на свесноста и совесноста, да ги следиме препораките на докторите

Василевска: Заедно се соочуваме со предизвикот на свесноста и совесноста, да ги следиме препораките на докторите

На планетарно ниво се соочуваме со силно искушение кое не допира и директно не засега сите, без оглед на полот, националната припадност, вероисповеста или расата, порачува  Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Заедно се соочуваме со предизвикот на свесноста и совесноста и оттука сме силно поврзани во мислата: Како да се справиме со ова зло? Секако одговорот е очигледен, со внимавање и со одговорно однесување, без страв и без паника, ве уверувам дека ќе успееме и ќе го надминеме ова премрежје. Да ги следиме препораките од докторите и стручните лица, да ги почитуваме протоколите на однесување, и најважно да го задржиме здравиот разум, затоа што така спасуваме човечки животи, и сето ова вреди затоа што секој живот вреди, порача таа.

По неа, се обрати и д-р Марија Јовановски Срцева.

-Светот и Македонија се пред предизвикот на Корона вирусот. Медицината се уште нема одговор на оваа пандемија.         Докторите и медицинскиот персонал несебично се тука да им помогнат на сите со тегобите на овој вирус.  Таа несебичност сега треба да ја споделиме сите. Бидете и вие несебични, помогнете им на докторите, за да бидеме тука  за оние на кои им е најпотребно. Почитувајте ги препораките, избегнувајте било какви контакти. Секој може да е следен преносител на вирусот, дури и без да знае. Избегнувајте непотребни движења меѓу луѓето, избегнувајте собири. Заштитете се. Штитејќи се себе, го штитите и своето семејство, своите најблиски. Ова е време на одговорност, бидете одговорни, кон самите себе и кон најблиските.  Само со одговорност, може адекватно да се одговори на овој предизвик.  Бидете дел од оние кои што ќе го прекинат ланецот на пренесување на овој вирус. Бидете дел од оние кои ќе помогнат сето ова полесно да помине. За сите нас, заедно. Да ги почитуваме препораките.  Да го минеме предизвикот со што помалку загрозени пациенти. Затоа што секој еден живот вреди, истакна таа.

Најнови вести