Поранешниот пратеник, Абдулади Вејсели во емисијата „24 Отворено“ вели дека ДУИ ќе се распарчи ако го нема Али Ахмети.
„Едно е јасно. Нема ништо да остане од ДУИ ако го нема Ахмети. Тоа треба да биде јасно на секој член на ДУИ. Ахмети е единствениот човек кој се обидел и ги решавал сите проблеми“, вели Вејсели.