понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Вице Заев потпишан на договорот за земјиштето кое го продал Зоран Заев, бизнисот со парцелите е околу 2 милијарди денари

Вице Заев потпишан на договорот за земјиштето кое го продал Зоран Заев, бизнисот со парцелите е околу 2 милијарди денари

Правниот лавиринт создаден од Зоран Заев покажува како државно земјиште под владение на општината завршува во рацете на братот на премиерот Зоран Заев.

-На акуцијата за земјиштето што ја прави Зоран Заев се јавува бизнис партнерот на Заеви, Сашко Брндевски кој го купува земјиштето на аукција каде има единствена и најниска понуда. Тој уплаќа цели 700 илјади евра како физичко лице на сметка на општината и се стекнува со 8 парцели каде општината дозволува да се градат 8 нови седумкатници. Тој прави договор со фирмата на Вице Заев кој се потпишува во име на компанијата Тотал Инжинеринг, а Зоран Заев како градоначалник дава одобрение за градба, анализира порталот Економски.мк.

Порталот додава дека продажната вредност на парцелите е околу 2 милијарди денари, а Сашко Брндевски на Вице Заев му го отстапува земјиштето од една од парцелите за стан од 40 м 2. Тоа дава  сериозен основ на сомнеж  дека Брндевски е само параванот зад кој се кријат Заеви, пишува Економски.

Договор за градење

Одобрение за градба потпишано од Заев
Парцели купени од Брндевски

Најнови вести