Премиерот Зоран Заев призна дека тој заедно со министрите од неговата Влада, Венко Филипче и Јагода Шахпаска во Прилеп пристигнале со хеликоптер на МВР.
Запрашан дали пристигнале со хеликоптер, Заев одговори:
-Да, со хеликоптерот на МВР, Јас, министерот Венко Филипче и Јагода Шахпаска, рече Заев.
Додека состојбата со коронавирусот е на високо критично ниво и бројот на новозаразени и починати од истиот секојдневно се зголемува, и додека народот е оставен сам на себе да се снаоѓа како умее и знае, функционерите од властаси живеат лагодно. Ова претставува скандал сам по себе и исто така го потврдува фактот дека функционерите од повеќе сакаат да уживаат во благодетите кои што ги нуди истата, околку да ги засукаат ракавите и да му излезат во пресрет на својот народ, кој што поради коронакризата и недостатокот на вакцини, решението го бараат во соседна Србија.
Претходно двајцата високи функционери од владата, Љупчо Николовски за викенд беше во Дубаи, додека поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски со семејството се одмараше на Мексико, за време кога низ целиот свет беснеаат повеќе мутации на коронавирус.