сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВИКЕНДОВ ГОЛЕМО РАЗОЧАРУВАЊЕ: До петок сончево, но студено – еве што не очекува особено во сабота (ФОТО)

ВИКЕНДОВ ГОЛЕМО РАЗОЧАРУВАЊЕ: До петок сончево, но студено – еве што не очекува особено во сабота (ФОТО)

До петок ќе се задржи стабилно време, а за време на викендот ќе има услови за краткотраен локален дожд.

Времето утре ќе биде наутро студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер поизразен во западните делови.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер.

Минималната температура и утре изутрина на повеќето места ќе се спушти под нулата, а потоа во следните денови температурите ќе бидат во пораст.

Во петок ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.

Во сабота времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, а во југозападните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Претежно во планинските региони на запад и на исток ќе има зголемена облачност со услови за појава на краткотраен понекаде пороен дожд.

Во недела времето ќе биде умерено до значително облачно со услови за краткотраен дожд претежно во западните делови. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Во понеделник се очекува нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд и намалување на температурата, соопшти УХМР.

 

Најнови вести