петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Владата го зголеми бројот на македонски војници кои ќе учествуваат во НАТО операцијата „КФОР“ во Косово

Владата го зголеми бројот на македонски војници кои ќе учествуваат во НАТО операцијата „КФОР“ во Косово

Македонија го зголемува бројот на македонски војници кои ќе учествуваат во НАТО операцијата „КФОР“ на Косово. Дополнителен вод од 35 припадници на македонската армија ќе биде испратен на Косово.

-Одлуката е донесена врз основа на препораките на високите воени претставници во НАТО и заклучоците донесени на состанокот на началниците на Генералштабовите на земјите членки на иницијативата за соработка во одбраната, а со цел зајакнување на безбедноста и сигурноста на Република Косово. За учество во НАТО операцијата се испраќаат 70 припадници на Армијата за период од шест месеци, сметано од ноември 2023 до мај 2024 година, информираат од Владата по одлуката донесена на денешната седница.

Со оваа измена на Одлуката, вкупниот број со кој Македонија ќе учествува во операцијата „КФОР“ во Република Косово ќе изнесува 101 припадник на Армијата.

Најнови вести