Коронавирусот се шири низ Македонија со голем замав, бројот на заразени и починати драстично расте. Откако сопствениците на локали видоа дека власта не превзема ништо и дека и покрај непочитување на препораките ги остава да работат, тие продолжуваат со организирање на забави.
На тие забави се собираат многу лица, најчесто млади, без маски и без држење на дистанца. Секое од овие места е потенцијален нов кластер за ширење на коронавирусот.
Додека сме сведоци на рекордни бројки на заразени, младите во Свети Николе се забавуваа синоќа на турбо фолк хитови во кафулето План Б.
Во Свети Николе од почетокот на пандемијата со коронавирус се заразиле 371 лице. Само во текот на вчерашниот ден има 12 новозаразени. Ваквите забави со сигурност ќе донесат уште случаи.
Власта не е способна да се справи со состојбата во повеќе полиња, а со тоа станува директен виновник за голем број на новозаразени.
На социјалните мрежи се споделуваат видеа од забавата. Младите играат станати, еден до друг, не носат маски и директно се изложени на голем ризик.