Ако падне Талат Џафери паѓа владата, затоа Ковачевски прави будала од себе и не смее да го осуди дивеењето во собрание. Ковачевски е толку уплашен од Џафери што вчера мораше да гледа и фудбал со него, само за да покаже пред јавноста дека стои зад Џафери, и да го понесе срамот врз себе, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-До кога Ковачевски ќе продолжи да прави будала од себе за да не му излезе ДУИ од влада? Сите го слушнаа Талат Џафери како пцуе вработени во собранието и врши мобинг врз нив, само Ковачевски едвај чека јавноста да заборава на случајот, за да не мора да го осуди Џафери и да не му се налути ДУИ. Ковачевски само за да остане на власт е спремен да премолчи се, па дури и малтретирањето на вработените во собранието од страна на Џафери. Ковачевски е спремен на се, па дури и да се слика со примитивецот од Форино, додека цела јавност се згрозува, само да поседи уште некој ден во фотелјата во влада, посочуваат од партијата.
„Ковачевски е срам за државата исто колку и Џафери, затоа што за власт е спремен да жртвува десетина човечки судбини и да ги остави луѓето да бидат шиканирани од Џафери“ – порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.