петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Автократот од Форино викан Талат, изигрува и уставен судија, само да ја спаси кариерата на Ковачевски за некое време

ВМРО-ДПМНЕ: Автократот од Форино викан Талат, изигрува и уставен судија, само да ја спаси кариерата на Ковачевски за некое време

Талат Џафери со отфрлањето на иницијативата за референдум за договорот со Бугарија всушност се обидува да ја спаси кариерата на Ковачевски барем за одредено време. Затоа автократот од Форино викан Талат, се стави во функција  и на Уставен судија. Но тешко на таа власт и на тој премиер на кој Талат ќе му чува грб и ќе му толкува Устав и правни норми, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Очајот во власта предводена од антимакедонската СДС е толку голем што се спремни да направат се, само да не се соочат со народот. Очигледно се свесни дека доколку се одржи референдум скоро милион гласачи ќе излезат и ќе го отфрлат Договорот. Народот знае дека Договорот кој го донесе СДС е штетен и е извор на асимилаторските и негаторски политики кон Македонија. Огромното мнозинство на граѓани, вклучително и значаен дел од членовите на СДС  се против понижувањата кои произлегуваат од  него. Резултатите денес ги гледаме сите, се менуваат учебници за личности и настани од македонската историја, се негира македонски идентитет, јазик и култура, се погазува честа и достоинството на македонскиот народ. Само антимакедонската СДС и негаторските кругови во Софија се радуваат на ова“ – велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ порачува дека ако имаше храброст Ковачевски кој со денови се крие, ќе прифатеше референдум и ќе видеше што мислат граѓаните за неговите политики.

“Вака бега од соочување со народот и моли кај Талат и во Мала Речица да му овозможат уште некој месец власт. Но бегање од народ нема. Нема бегање од казна и катастрофален пораз“ – посочуваат тие.

Најнови вести