петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Има ли Комисија за заразни болести и Министерство за здравство? – КОВИД убива поради неспособноста на владата

ВМРО-ДПМНЕ: Има ли Комисија за заразни болести и Министерство за здравство? – КОВИД убива поради неспособноста на владата

Има ли Комисија за заразни болести и Министерство за здравство? – КОВИД убива поради неспособноста на владата, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера повторно бројот на заболени од КОВИД е скоро 2.000, во земјава има над 20.000 активни случаи на вирусот.

Над 8.000 луѓе починаа откако почна пандемијата. Македонија изгуби луѓе колку што население има цел еден помал град.

Народот умираше не само како последица на состојбите кои ги предизвикува КОВИД, туку умираше и зошто немаше кој да им даде кислород, умираше и зошто доцнеа вакцини, затоа што власта бараше провизии.

Народот умира од КОВИД и затоа што владата е неспособна. Здравствените власти да се зафатат со работа, и посветено да пристапат на пандемијата. Импровизациите чинат животи, се вели во соопштението на партијата.

Најнови вести