Македонија е хибриден режим, затоа што нема ниту еден случај против лица од врвот на власта, а индиции и докази за криминал има на секаде, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Угледниот магазин Економист повторно ја вброи Македонија во групата хибридни режими, исто како и лани, со фактот што годинава имаме и полоша оценка од минатата година.
Светските агенции, медиуми и организации гледаат дека во Македонија нема правда и нема демократија.
Македонија е хибриден режим, затоа што кога Бојан Јовановски во судница кажа дека парите од Рекет завршиле кај Зоран и Вице Заеви, обвинителството не отвори постапка против нив.
Македонија е хибриден режим затоа што нема истрага за Дончев, кого целата јавност го виде како трпа пари во ташна.
Македонија е хибриден режим затоа што нема истрага против Рашковски кој го слушнавме како бара аванта за набавка на систем за летање во М НАВ.
Македонија е хибриден режим затоа што нема истрага за Заев за случајот со ШИК ЈЕЛАК, за што го слушнавме контроверзниот бизнисмен Дака, како вели дека му дал на Заев 300.000 евра мито.
Македонија е хибриден режим затоа што локалните функционери се шерифи и тепаат народ, затоа што нема правда, не се почитуваат закони, ниту пак се работи чесно.
Македонија ќе биде хибриден режим се додека е Заев на власт, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.