среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Неспособност на дело – со СДС и ДУИ стана пракса  лекови да се набавуваат откако ќе почине пациент

ВМРО-ДПМНЕ: Неспособност на дело – со СДС и ДУИ стана пракса  лекови да се набавуваат откако ќе почине пациент

Од Владата на СДС и ДУИ граѓаните трпат само штети. Почина пациентка од треска што ја пренесуваат крлежи, на вработената од Инфективна и се влошува состојбата.
Здравствените власти се само политички циркузанти., реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Здравствените власти без одговори. А треба многу одговори. Дали е точно дека директорката е на одмор и ако е точно каков е тој директор што кога вакво нешто се случува не го прекинува одморот? Каде е министерот за здравство да излезе во јавност или и тој е на одмор? Реагирала ли Комисијата за интрахоспитални инфекции и што е преземено од нивен аспект? Кога веќе зборуваат за етика, најпрво да одговорат дали во работата со вакви пациенти се инволвира доволно обучен персонал, дали ова е етички и кој ќе одговара за тоа?  Очигледна и типична, а богами и заразна е неодговорноста на   одговорните по функција, ама не и во пракса, од директор до министер, се наведува во партиското соопштение.

„Само неодговорност, затоа избори и крај на оваа неодговорност“ – порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести