Ниту во СДСМ, ниту кој било граѓанин верува дека Зоран Заев е најчесниот човек во Македонија. Никој не верува дека Заев е невин, а сведокот во случајот Поткуп лажел дека Зоран Заев му барал мито од едно евро за Вице, едно евро за партијата и едно евро за црквата. Напротив, целата јавност и со свои очи виде како Зоран Заев бара пари, стои во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ.
-Денес сите видоа на дело како СДСМ подразбира право и правна држава. Денес се случи по втор пат Зоран Заев да биде амнестиран за очигледен криминал. Ниту транспарентност, ниту правда се случи денес, туку еклатантно потценување на македонската јавност. Денес е црниот ден за македонското судство кога судиите при уши и при очи се прават слепи и глуви пред класичен криминал. Двојните аршини се тоа кое што Заев како предводник на Советот за реформи во судството успеал да го спроведе. Ова е јасна порака до целиот народ дека од денес ниту едни закони нема да важат за функционерите на СДСМ , а за сите други граѓани ќе има неправда и политички прогон доколку се дрзнат да се противат на Заев и СДСМ, потенцираат во својата реакција од ВМРО-ДПМНЕ.