Зоран Заев продолжува со лагите, реагират од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на премиерот Зоран Заев.
Наместо да се запраша што прави и да прекине да лаже, Заев продолжува во свој стил на лаги.
Сега за одложувањето на приемот на првата пратка на вакцини, Заев вели Србија и Фајзер се виновни.
Заев едноставно за одложувањето на настанот за примопредавање на вакцините ја обвини Србија и компанијата производител Фајзер.
Босна и Херцеговина денес почна со вакцинирање, си набавија руски вакцини.
Заев ја остави Македонија на дното.
За граѓаните во Македонија нема никакви вакцини.
За негрижата за здравјето на граѓаните која резултира и со губење човечки животи одговорност мора да има, велат во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.