Наместо празни зборови само и само да останат на власт, Оливер Спасовски и СДСМ треба да побараат одговорност за вториот човек во БЈБ, кадар на ДУИ, велет во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ наместо да нарачува празни деманти од МВР, треба да одговори со кој дел од видеото од пукањето во Чаир не се согласува?
СДСМ и Оливер Спасовски мора да одговорат дали видео снимката е автентична?
Дали видео снимката е од моментот на пукањето и ослободувањето на тој што пукал?
Дали видео снимката е од системот Сејф Сити?
Дали човекот во сина кошула е Ариф Асани, заменик директор на БЈБ, по чија што асистенција е пуштен пукачот?
Дали за лицето од лани постојат документи за приведување заради отслужување на затворска казна, а сепак е пуштен иако извадил пиштол на униформирани полицајци?
СДСМ го става МВР во заложништво на криминалот заради гола власт со ДУИ. МВР на Оливер Спасовски и СДСМ се претвори во гарант за непречен криминал само и само за гола власт, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.