ВМРО-ДПМНЕ уште вчера започна да предупредува дека Комисијата за заразни болести овие денови ќе започне да прогласува нова реалност и ќе штелува податоци за да имаме избори на 5 јули.
Денеска од партијата исто така преку соопштение потенцираат дека народот гледа дека наместо здравјето и животите на луѓето, битна им е политиката на Заев, Филипче и СДСМ кои пред две недели прогласија нова нормалност.
-Нов ден, нови црни биланси во Македонија од епидемијата со корона вирусот. Со нив бројката надмина 3.150 заразени и за жал имаме 156 починати од корона вирус. Во ваква ситуација СДСМ и Заев уште зборуваат за избори на 5 јули. Навистина срамно. Македонија е рекордер во регионот на милион жители и по број на заразени и по број на починати лица. Од друга страна веќе сме рангирани на 103-то место во светот, односно сме на листата на небезбедни држави по однос на справување со епидемијата. И самите граѓани во Македонија сметаат дека исклучително лошо се справуваме со епидемијата во однос на земјите во регионот кои бележат далеку подобри бројки во однос на Македонија, велат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека тоа не е доволно за СДСМ да се откажат од идејата да се одржат брзи избори со цел да се намали изборниот пораз и на тој начин да се спаси кариерата на Зоран Заев.
-Народот гледа дека наместо здравјето и животите на луѓето, битна им е политиката на Заев, Филипче и СДСМ кои пред две недели прогласија нова нормалност. Во ситуација кога и во СДСМ се создава кластер на заболени, кога носат мерки за карантин на поголемите градови, а нивните функционери заминуваат по викендици и хотели, Заев и Филипче размислуваат само на нивните партиски интереси, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Доказ дека Комисијата веќе започна да лажира податоци се вестите кои излегоа во дел од медиумите каде членови од Комисијата велат дека денеска бројката ќе биде под 100 ново заразени.
Денеска бројот на новозаразени е под 100, велат од Комисијата за заразни болести, не прецизирајќи ја точната бројка додека не стигнат официјалните резултати од Институтот за јавно здравје.
-Денеска ја чекаме сите одлуката на Владата за повторно воведување на полицискиот час, во сите општини кои за сега претставуваат жариште на корона вирусот. Ние нема да отстапиме од нашите препораки, макар и целата ситуација да се оддолжи, велат за Фактор од Комисијата за заразни болести.
Истовремено, директорката на Клиниката за инфективни болести, д-р. Милена Стефановиќ во гостување на ТВ-Алфа, вели дека е загрижена поради актуелната состојба со корона вирусот во земјава.
-Јас сум клиничар и нормално е дека ме плаши новиот број на заразени и тешко болни, тоа повлекува потреба од здравствен целокупен систем на лекари, помошен персонал и простор. Се треба да биде педантно за пациентите, истакна д-р. Стефановиќ.
Јавноста од тука прашува како е можно бројката наеднаш да стивне, откако во претходните денови, особено за време на празничниот викенд имавме дури и до 200 ново заразени во еден ден.
103-то место за Македонија во справување со коронавирусот, во друштво со Доминиканската Република, Антигва и Барбуда
На последните анализи за состојбата со Ковид 19 во светот и справувањето на државите со него, анализа во која се земени 200 земји, Македонија е на поразително 103-то место, во друштво со Доминиканската Република, со Антигва и Барбуда, Гренада, Киргистан, Маурициус и Св. Луција.
На приказот може да се забележи дека земјите од соседството како Грција, Албанија, Хрватска, Србија и Бугарија, не се ни во близина на местото каде е рангирана Македонија во врска со состојбата со коронавирусот.
Во табеларниот приказ ова се земји кои што впрочем најлошо се справуваат со вирусот. Македонија доживува фијаско на табелите за справување со короновирусот.
Имено по последните статистики во бројот на новозаболени и смртни случаи на милион жители, Македонија е лидер во регионот со стапка на новозаболени која на почетокот од овој месец изнесува 50,5 проценти, за разлика од бројките во регионот каде стапката на новозаболени вкупно за сите земји изнесува 3,6 проценти.
За една недела од 01.06.2020, Македонија бележи вкупно 802 новозаболени случаи и 20 смртни случаи, која што бројка не само што е лидер во регионот, туку е поразителна за справување со коронавирусот во земјава.
Загрижувачки е и бројот на вкупно починати од почетокот на пандемијата кој изнесува 153 смртни случаи, како и огромниот број на активни случаи кој што стигна до 2.226. Иако министерот за здравство Венко Филипче кажа дека се работи за познати кластери, дека само 15тина семејства носат вкупно 90% од новите случаи, се очекува бројот да порасне во следниот период заради излезот на над 80.000 граѓани надвор од Скопје викендов, заради потенцијалната можност да го рашират вирусот.
Граѓаните на Скопје викендов коишто не излегоа надвор од градот револтирани заради мерките на владата да не прогласи карантин на ниво на цела држава, сепак останаа затворени во своите домови, додека огромен број на граѓани за викендов решија да посетат некој друг град, се уште се очекуваат анализите за последиците коишто ќе ги имаат овие дискутабилни мерки на владата.
Владата е на мета на огромен број на критики, заради новите статистики за лидер во регионот по број на новозаболени и смртни случаи, експертите велат дека фијаското на владата во не знаење и не способност во справување за состојбата за коронавирусот е само на штета на здравјето и животот на граѓаните.
Да потсетиме дека држави како Грција, Хрватска и Словенија и Црна Гора, повеќе од една недела веќе не бележат број на новозаболени и смртни случаи, додека во Македонија за жал бројките се троцифрени скоро недела дена.
Граѓаните и јавноста е навистина загрижена за високиот број на заболени и непрофесионалноста во постапување на министерот за здравство и комисијата за заразни болести.
Во македонија се случува дебакл со коронавирусот по најавите пред една недела на власта дека ситуацијата е под контрола.
431-то место на ранг листите во справување со коронавирусот е невидено фијаско и пораз за граѓаните и власта која велеше дека состојбата е нормална.
И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски бара оставка од членовите во Комисијата за заразни болести
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски повика на оставки и одговорност по зголемениот број на заразени од корона вирусот.Тој нагласува дека наместо партиска потребна е стручна комисија за заразни болести.
Наместо партиска, потребна е стручна комисија за заразни болести. Ова не е игра. Доста од партиски диктати, луѓе губат животи. Оставки веднаш!
Gepostet von Hristijan Mickoski am Montag, 8. Juni 2020