понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Во светот се негува мајчиниот јазик, на македонскиот јазик СДСМ му нанесе непроценлива штета

ВМРО-ДПМНЕ: Во светот се негува мајчиниот јазик, на македонскиот јазик СДСМ му нанесе непроценлива штета

Денес е меѓународен ден на мајчиниот јазик. Додека секаде низ светот се негува мајчиниот јазик, во Република Македонија, владата за 9 месеци нанесе непроценлива штета врз македонскиот јазик. СДСМ го деградираше македонскиот јазик со годишниот Буџет за култура за 2018. Нула денари предвидени за унапредување на македонскиот јазик се доволен показател за односот на СДСМ кон јазикот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев го излажа Институтот за македонски јазик. Македонистите не добија ниту денар од Буџетот за заштита на нашиот јазик. Во време кога се трошат милиони за дислокации на галии, ниту денар не се одвои за македонскиот јазик. Ова е најголемата трагедија за нашиот јазик во 28 години независност на државата. Додека остатокот од светот го чува својот јазик, го негува и унапредува. Ние во Република Македонија гледаме како власта го деградира. СДСМ го погази јазикот и со неуставниот закон за двојазичност со кој се обиде да го сведе од официјален јазик во Република Македонија на еден од двата службени јазици во рамки на државата. Негрижата на СДСМ кон македонскиот јазик е и негрижа кон државата и граѓаните. Негрижата кон јазикот е и негрижа кон традицијата и идентитетот на нацијата. Негрижата кон јазикот е поткопување на темелот на државноста, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека СДСМ покажа дека ниту се грижеле за македонскиот јазик, ниту во идина планираат да се грижат.

 

Најнови вести