Само човек без грам сочувство може да си поигрува со трагедиите на семејствата кои ги загубија своите најблиски кај Смилковското езеро, стои во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
-Заев молчи и ја крие вистината за свирепото убиство кај Смилковско езеро, иако ја убедуваше јавноста и родителите дека знае кои се убијците. Заев и криминалниот картел кој го води ја злоупотребија оваа несреќа за добивање политички поени. Додека на родителите им велеше дека постои поврзаност помеѓу убијците кои беа осудени и високи функционери на ДУИ, со Тиранската платформа се обврза дека ќе ги ослободи убијците од затвор. Заев тоа и го стори. Неполни шест месеци по преземањето на власт, случајот се врати во повторно судење, а убијците ослободени од затвор, без мерка притвор, беа пуштени од слобода да се бранат. Криминалниот ум на Заев отиде и чекор понатаму, па откако посочуваше на поврзаноста на Невзет Бејта, со Фејзи Азири, сега вели дека Бејта и Азири разговарале за земјоделски субвенции од ни помалку ни повеќе, туку 450 евра, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека Заев и криминалниот картел кој го води, ја потценуваат интелигенцијата на народот, па мислат дека поминуваат лагите за полицајци кои сами се удираат од пајак возило или дека веќе осуден убиец, на денот кога го извршил убиството разговарал со потпретседател на партија за стотина евра земјоделски субвенции.
-Заев кој велеше дека ја знае вистината, не сака да се дознае вистината. Заев се става во заштита на убијци и си поигрува со трагичната судбина на родителите на убиените. Во Република Македонија под власт на криминалниот клан на Заев веќе осудени убијци се пуштаат на слобода, десетина лекари, актери, режисери, архитекти и видни општествени дејци неосновано се влечат по притвори и судови, само затоа што се политички не истомисленици на Зоран Заев. Правосудниот систем мора да се ослободи од стегите на криминалниот картел. Граѓаните сакаат да живеат во правна држава, каде законите ќе важат, а институциите ќе се почитуваат и нема да се злоупотребуваат. Овој криминален картел не смее да продолжи да ја управува државата. Граѓаните заслужуваат подобро, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.