понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во едно основно училиште во Скопје има 50 заразени ученици, МОН тврди дека нема локална трансмисија на вирусот

Во едно основно училиште во Скопје има 50 заразени ученици, МОН тврди дека нема локална трансмисија на вирусот

Во скопското основно училиште „Вера Циривири Трена“ во наслебата Карпош седум наставници и повеќе од 50 ученици се заболени со ковид-19. Не се кажуваат контактите и тоа е причина за ширење на вирусот, а Министерството за образование и наука (МОН) тврди дека во училиштата нема локална трансмисија на вирусот.

Претходно, „Република“ пишуваше дека во ова скопско основно училиште осум ученици и класната се позитивни на коронавирус и според епидемиолошката процена сите 25 ученици од класот ќе следат онлајн настава.

За „Телма“ директорката на училиштето демантира дека се работи за толкав број заболени и вели дека секојдневно бројките ги праќаат до МОН и Центарот за јавно здравје. А од МОН со вообичаената реторика дека процентот на новозаболени е многу мал и затоа наставата со физичко присуство продолжува.

-Повеќе од 50 ученици и 7 наставници, од кои 3 во одделенска и 4 во предметна настава се заболени со Ковид- 19, во ОУ „ Вера Циривири Трена“, во Карпош,вели наставник од ова училиште кој сакаше да остане анонимен.

Родители за „Телма“ сведочат и алармираат дека пандемијата со Ковид-19 се проширила и во училиштето „ Јан Амос Коменски“. Директорката Маја Старова демантира.

Најнови вести