Денеска е направен план за ставање во функција и на дел од болницата „8 Септември“ за случаи што се сомнителни или се со дијгностицирана корона, а им е потребна друг тип интервенција, соопшти вечерва министерот за здравство Венко Филипче.
Филипче информира и дека во Дебар, каде состојбата е засега најалармантна, од утре ќе се упатат уште еден пулмолог и еден педијатар.
-Посебна комисија составена од директори на повеќе клиники и од претставници на Комисијата за инфективни болести ја постија болницата „8 Септември“. Се утврди патот на движење на пациентите, обезбедени се посебна операциска и посебна ангиографска сала, Кабинет за ехо дијагностика и цел посебен оддел со 22 кревета и две респираторни машини, истакна министерот.