вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во каква здравствена состојба е заразениот со индиски сој на коронавирус кој се лекува во Скопје?

Во каква здравствена состојба е заразениот со индиски сој на коронавирус кој се лекува во Скопје?

Заболениот од индискиот сој на ковид-19, кој се лекува во приватна болница во Скопје, е во добра состојба, дознава Плусинфо.

Тој е во добра општа состојба и не прима специфична терапија.

Инаку утринава министерството за здравство информираше дека кај еден пациент кој е хоспитализиран во приватна болница минатата недела е детектирано присуство на индиски сој на вирусот СарсКов2.

-Според епидемиолошката анкета која ја направила болницата, пациентот се вратил од Ирак, каде претходно 10 дена бил болен и хоспитализиран, кога се вратил во земјава, веднаш со посебно санитетско возило бил пренесен во болницата. Состојбата на пациентот е стабилна и овој пациент не е знак за ризик, соопштија од МЗ.

Најнови вести