Најтопло денеска беше во Демир Капија и Гевгелија каде максималната температура достигна 40 степени.
Како што соопшти УХМР, по Демир Капија и Гевгелија следи Скопје-Зајчев Рид каде се измерени максимални 39 степени, во Скопје-Петровец, Штип и Струмица 38, во Тетово 37, Битола и Виница 36, Претор 35, Крива Паланка 34 и во Охрид се измерени 33 степени.
Во сабота ќе има зголемена облачност и развој на локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Од недела ќе настапи повторно стабилизирање на времето.