среда, 7. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Во подшарпланинските села во Општина Врапчиште 19 лица се во самоизолација

Во подшарпланинските села во Општина Врапчиште 19 лица се во самоизолација

Деветнаесет лица од неколку села во Општина Врапчиште кои изминативе денови допатувале од земји каде е регистиран коронавирус од вчера се во самоизолација.

Градоначалникот на Општината Исен Шабани во изјава дадена за МИА, истакна дека локалниот кризен штаб веќе ги идентификувал лицата кои се ставени во самоизолација.

Според Шабани, седум се од Калиште, пет од Неготино Полошко, пет од Сенокосе и две од селото Градец кои биле регистрирани вчера. За денеска имаат пријави за уште 12 кои во текот на денот ќе бидат контактирани.

– На сите лица им е укажано дека Министерството за внатрешни работи ќе преземе соодветни казнени мерки доколку се прекрши самоизолацијата, вели Шабани.

Тој нагласи дека при појава на евентуални симптоми граѓаните коишто се во самоизолација треба да се јават во Центарот за јавно здравје 076 / 365-161 или во локалната канцеларија за управување со кризи 072 / 246-666.

Тимот кој го определил кризниот штаб на Општина Врапчиште што ќе ги врши обиколките е составен од лекар, општински службеник и претставници на полициската станица Галате, Центарот за јавно здравје и граничната полиција.

Најнови вести