среда, 1. мај 2024. Вести денес: 0
home Вести

Во Скопје се хоспитализирани вкупно 57 лица со коронавирус, голем дел се на кислородна поддршка

Во Скопје се хоспитализирани вкупно 57 лица со коронавирус, голем дел се на кислородна поддршка

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје има 3 хоспитализирани нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 57 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ имало еден прием. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември исто така е примен еден пациент, и еден нов заболен е хоспитслизиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 3 оздравени пациенти.

Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 8 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 18 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежи 31
пациент.

Вкупно 57 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 88 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Најнови вести