понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Во услови кога цела Европа бележи раст на економијата, македонската стагнира и се бетонира на нула- СДСМ ја урниса“

„Во услови кога цела Европа бележи раст на економијата, македонската стагнира и се бетонира на нула- СДСМ ја урниса“

СДСМ глуми опозиција, а нивната скапа претстава ја плаќаат граѓаните! Дури и во потешки години и при подлабоки политички кризи ВМРО-ДПМНЕ успеваше да обезбеди економски раст. Катастрофалните политики на СДСМ на економски план ја бетонираа Република Македонија на европското дно, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во услови кога цела Европа бележи раст на економијата, македонската стагнира и се бетонира на нула. Ефектот од 9 месеци владеење на СДСМ е едно големо ништо. Државата во 2017 година под водство на СДСМ има трет најлош резултат во Европа, а убедливо најмал во регионот. СДСМ ја урниса македонската економија. Граѓаните веќе тоа го чувствуваат, стои во реакцијата и се додава:

„Економијата под водство на СДСМ ќе продолжи да тоне. Пад од 1% бележат и бруто инвестициите, што е показател за идните движења во економијата. Падот на инвестициите покажува деека македонската економија и во идниот период ќе бележи ниски стапки на раст. СДСМ нанесува трајна штета на македонската економија и ги осиромашува граѓаните. Ветуваа живот, донесоа беда“.

Најнови вести