четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во вторник ќе заврши вакцинацијата на сите пријавени, освен во овие три градови

Во вторник ќе заврши вакцинацијата на сите пријавени, освен во овие три градови
МИА

Фокусирани сме на вакцинацијата, таа се одвива на сите пунктови во Македонија, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека поделени се сите вакцини согласно потребата.

-Во вторник следната недела ќе заврши вакцинацијата на сите пријавени за имунизација освен во Скопје, Тетово и Битола, во овие три града сите пријавени ќе добијат термин во петок следната недела.

Вкупната бројка на вакцинирани граѓани на крајот на 500.000 граѓани што, како што рече министерот не е доволно.

Филипче уште еднаш апелираше граѓаните да се пријават за вакцинација.

 

 

 

Најнови вести