Државниот инспекторат за труд вчера извршил вонреден инспекциски надзор во Собранието. Притоа, не констатирал никакви неправилности и оценил дека мерките предвидени со регулатива за заштита од КОВИД-19 се во целост обезбедени.
Како што соопшти Инспекторатот, увид бил направен во работните простории на Собранието, канцелариите, салите, ходниците, лифтовите, помошните простории, влезовите и излезите.
-Вонредниот надзор е извршен во врска со спроведување на мерките, протоколите и препораките за превенција од Ковид 19 донесени од страна на Владата на РСМ, Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл.Весник. на РМ бр.66/04; 139/08; 99/09;149/14;150/15;37/16); Законот за измени и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести Сл.Весник. на РСМ бр. 257/20) и Одлуката за превентивни мерки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временскиот период на нивната примена (Сл.в. на РСМ бр. 263 од 04.11.2020 година, Протоколот за превентивните мерки за сите работни места-Прилог 1 од Одлуката, наведува Инспекторатот во соопштението објавено на неговата официјална интернет страница.
Претставникот на субјектот за надзор, ги приложил донесенитe акти за спроведување на мерките за заштита и спречување на корона вирусот, кои сукцесивно се донесени и се применуваат од почетокот на пандемијата од страна на работодавачот, а кои се однесуваат на работата на службите во Собранието и одржувањето на седници (Протокол за организирање на конститутивна седница бр 02-2342/1 од 30.07.2020 година; Дополнение на Протокол бр 02-2342/1 од 30.07.2020 година за спроведување на гласање за пратеници кои се наоѓаат во домашна самоизолација број 09-2342/3 од 17.11.2020 година) одобрени од Министерство за здравство, Комисија за заразни болести.
-При надзорот извршен на ден 19.04.2021 година не се констатирани неправилности. Мерките предвидени со наведената регулатива се во целост обезбедени од страна на Собранието на Република Северна Македонија, наведува Државниот инспекторат за труд.