среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Вонредни инспекции надзори за помладите лица кои му подлегнуваат на Ковид-19

Вонредни инспекции надзори за помладите лица кои му подлегнуваат на Ковид-19

Во ковид-статистиката вчера беше регистриран нов случај на починато младо лице. Се работи за 33-годишен пациент од Скопје. За починатите млади лица, ДСЗИ досега иницираше 25 вонредни инспекциски надзори, од кои 11 се во тек. Се очекува ДЗСИ да иницира надзор и за починатиот 33-годишен скопјанец.

Тој е еден од 29-те починати кои беа регистрирани во претходното деноноќие од кои 12 се од Скопје, (72, 75, 80, 70, 84, 54, 64, 33, 78,78,48 и 64 г.), два од Куманово (63 и 82 г.), тројца од Прилеп (76, 67 и 87 г.), двајца од Тетово (65 и 72 г.), еден пациент од Струга (81г.), двајца од Велес (77 и 80 г.), двајца од Битола (64 и 65 г.), двајца од Гостивар (63 и 74 г.), еден пациент од Валандово (83г.) и двајца од Кичево (78 и 73 г.).

Трендот на намалување на новозаразени продолжи и вчера, регистрирани 883 случаи од направени 2827 тестирања. Покрај тоа, беа забележани и 536 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 77134, бројката на оздравени е 52949, на починати е 2254. Бројот на активни случаи изнесува 21931 од кои најголем дел се од Скопје (11713).

Во останатите градови бројот на активни случаи е следен – Куманово активни 613, Прилеп 868, Тетово 986, Битола 815, Гостивар 717, Струмица 616. Во другите градови има помалку од 500 заразени.

Досега во земјата се направени вкупно 376.565 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1271 и има околу 240 празни болнички кревети.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 794 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во Скопје се хоспитализирани 477 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19.

Најмногу има на Клиниката за инфективни болести, каде лежат 144 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 105 болни, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти. (МИА)

 

Најнови вести