Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно, по наместа влажни коловози.
Како што информира ЈП „Македонија пат“, на одредени патни правци кои минуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
„Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.