среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Временска прогноза: Какво ќе биде времето следниве денови?

Временска прогноза: Какво ќе биде времето следниве денови?

Според најновите информации од УХМР времето утре ќе биде претпладне вдолж Повардарието со магла и значителна ниска облачност, кои попладне ќе се намалат. Во останатиот дел од земјата сончево со мала локална облачност.

Ќе дува умерен, а особено вдолж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.

Во продолжение погледнете какво време да очекувате во следните денови:

Прогноза за 05.11.2021

Минимална температура: 4°C до 11°C. Максимална температура: 19°C до 25°C. Претпладне вдолж Повардарието со магла и значителна ниска облачност, кои попладне ќе се намалат.

Во останатиот дел од земјата сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието и во Пелагонија повремено засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 05.11.2021

Минимална температура: 5°C до 12°C. Максимална температура: 18°C до 25°C. Претежно облачно и релативно топло.

Попладне ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 07.11.2021

Минимална температура: 5°C до 11°C. Максимална температура: 17°C до 24°C. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и значителна ниска облачност. Преку денот сончево со умерена облачност.

Најнови вести