Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од Скопската Котлина ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне до 33 степени.
За време на викендот ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во попладневните часови.
Во почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, а локално со поинтензивни процеси во форма на невреме.