Продолжуваат тензиите во Кочани, каде екипата на Инфомакс вербално беше нападната во ромското маало каде што се обидуваа да снимаат партиски штаб кој беше отворен за време на изборниот молк и каде, како што изјави и еден од лицата кои беа присутни таму, се правеа списоци.
Новинарите беа вербално нападнати, по што им беше блокиран патот со автомобил и не им дозволуваа да заминат.
Нивинарите, заедно со Христијан Мицкоски и пратеникот Миле Лефков заминаа во полициска станица да го пријават настанот. Од страна на полициските службеници, во исто време со пријавителите, беа повикани и лицата затекнати во партискиот штаб кои веднаш се појавија пред полициската станица и продолжија со заканите кон Лефков, Мицкоски и новинарите од Инфомакс.
Присутните упатуваа навредливи зборови и им се закануваа на пријавителите и им повторуваа дека немаат никакво право да снимаат.