На високите стручни школи и на факултетите во земјава, во академската 2020/2021 година се запишале 50 881 студент, што е помалку за 1,7 процент во однос на 2019/2020 година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, повеќе од половина од вкупниот број запишани се студентки односно 29 482 или 57,9 отсто.
Најголем број студенти (83,8 проценти) се запишани на државните високообразовни установи, додека 15,5 проценти на приватните високообразовни установи.
На прва година студии во 2020/2021 година се запишале 12 365 студенти или 24,3 отсто, соопшти ДЗС и посочува дека тука се опфатени и студентите што запишуваат прва година втор, трет и повеќепати.